Достапни линкови

Декларација за неширење на нуклеарното вооружување


Конференцијата за опфатот на Спогодбата за неширење на нуклеарното вооружување заврши синоќа во Њујорк со усвојување декларација со која, меѓу другото, се предвидува формирање на зона без нуклеарно оружје на Блискиот исток. Во текстот на 28 страници, кој е усвоен со консензус, предвидени се активности кои се однесуваат на три столба на Спогодбата, а тоа се разоружување, контрола на нуклеарните програми и користење на нуклеарната енергија во мирољубиви цели. На конференцијата, која траеше од 3 мај до синоќа, учествуваа министри за надворешни работи на земјите потписнички на Спогодбата за неширење на нуклеарното вооружување од 1970 година, која ги опфаќа сите членки на ОН, освен Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја.
XS
SM
MD
LG