Достапни линкови

logo-print

Лидерите на Кина, Јапонија и Јужна Кореја за тензиите во регионот


Тензиите на корејскиот полуостров се очекува да бидат високо на агендата на денешниот самит на лидерите на Кина, Јапонија и на Јужна Кореја. Премиерите на Кина Вен Џиабао и на Јапонија Јукио Хатојама и јужнокорејскиот претседател Ле Мјунг Бак се состануваат на островот Јеју во Јужна Кореја. Тензиите во регионот настанаа по минатонеделниот извештај на меѓународната истрага дека Северна Кореја е виновна за потопувањето на јужнокорејски воен брод, при што загинаа 46 морнари.
XS
SM
MD
LG