Достапни линкови

logo-print

Паневропската унија во Скопје дебатира за проширувањето на ЕУ


Меѓународна конференција на Паневропската унија на тема „Проширувањето на ЕУ: меѓу Лисабонскиот договор и економското закрепнување“ денеска се одржува во Собранието на Република Македонија. На конференцијата се дебатира за перспективите на односите ЕУ-Западен Балкан, со ставање акцент врз прашањата што ги засегаат двете страни, за поставување платформа за забрзување на интегративниот процес на земјите-аспиранти. На конференцијата учествуваат членови на европскиот Парламент, професори и аналитичари од доменот на европските интеграции, како и претставници од националните организации на Паневропската унија од повеќе држави.
XS
SM
MD
LG