Достапни линкови

Милошоски - Конфликтите на Балканот не се толку големи


Третиот форум на Алијансата на цивилизациите покажува дека оваа иницијатива има потенцијал да прерасне во еден форум на дијалог на светско ниво, изјави денеска министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, кој учествува на форумот што се одржува во Рио де Женеиро.
Во однос на тоа дали и народите на Балканот ќе успеат да ги надминат своите различности и конфликти, Милошоски изјави дека во споредба со други региони во светот, тензиите меѓу балканските држави, народи, култури и религии се мали ако истите се споредат со одредени конфликти, недоразборања, разлики и тензии меѓу други култури, народи и цивилизации во светот.
XS
SM
MD
LG