Достапни линкови

Грчките бензински пумпи пред банкрот поради увоз од Македонија


Голем број бензиски станици во Грција се под закана од банкрот поради високите цени на бензинот и увозот на горива од соседни земји како Македонија и Бугарија, пишува денеска грчкиот весник „Авги“.
Според податоците на Унијата на компаниите за трговија со нафтени производи околу 300-350 бензиски станици во земјата времено ја запреа работата поради неможноста да ги исплаќаат обврските кон снабдувачите.
Главната причина за кризата во секторот е зголемувањето на цените како резултат на зголемувањето на ДДВ и повисокиот данок врз горивата. Овие зголемувања создаваат огромни проблеми во овој сектор, кој регистрирал пад на продажбите на сите производи од 20 до 25 отсто.
XS
SM
MD
LG