Достапни линкови

70 жртви во нападите врз џамиите на Ахмади во Лахоре


Најмалку 70 лица загинаа во нападот на бомбаши со експлозивни елеци врз две џамии на малицинска секта во пакистанскиот град Лахоре за време на петочната молитва. Полицијата брзо ја повратила контролата врз џамијата во Модел таун каде биле убиени 20 лица и уапсила двајца напаѓачи. Во другата џамија напаѓачите држеле заложници. Цел на нападот е исламската група Ахмади, која е често мета на радикалните сунити. Во Пакистан Ахмадите не ги сметаат за муслимани. Оваа група е основана во подоцнежниот 19 век и брои околу 4 милиони припадници во светот.
XS
SM
MD
LG