Достапни линкови

Нема намалување на платите и пензиите, изјави Груевски


Ребалансот на буџетот нема негативно да се одрази врз платите на администрацијата и пензиите, даноците ќе останат исти, а денарот стабилен, изјави денеска премиерот Никола Груевски. Според него, за разлика од многу други европски држави, во Македонија анти-кризните мерки дале резултат. Груевски најави дека со ребалансот на буџетот ќе има зголемување на средствата за здравството.
XS
SM
MD
LG