Достапни линкови

Кривични пријави против 5 лица од ФФМ


Министерството за внатрешни работи денеска поднесе кривични пријави против пет лица од Фудбалската Федерација на Македонија, осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување, меѓу кои и претседателот на ФФМ Харалампие Хаџиристески. Против Хаџиристески е поднесена уште една кривична пријава од страна на Финансиската полиција во соработка со МВР, под сомнение дека местел фудбалски натпревари.
XS
SM
MD
LG