Достапни линкови

logo-print

Груевски ја врати пораката до „некои“ структури во Брисел


Зградата на Владата на РМ

Зградата на Владата на РМ

Не треба да има погрешни чувства за тоа дали искрено се залагаме за членство во ЕУ, бидејќи тоа максимално го правиме, изјави денеска премиерот Никола Груевски. Овој став доаѓа по предупредување на известувачот за Македонија во Европската комисија Зоран Талер дека во Брисел се појавува мислење „оти можеби сето ова е фасада за некои други интереси“.

„Го слушнав излагањето на Талер кој изразува скептицизам дека се раѓаат чувства, не кај него, туку кај некои други структури во ЕУ дали искрено се залагаме. Ако навистина се раѓаат такви чувства мислам дека не се точни. Се раѓаат погрешни чувства. Од негова страна беше споменато и тоа дали доволно се залагаме. Максимално се залагаме и во тој дел не треба да има сомневање“, рече Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на нови 23 наслови во рамки на проектот на Владата за превод на 500 стручни научни книги и учебници.

По анкетата на „Дневник“ за отпорот кај поголем дел од испитаниците за продолжување на преговорите за името и пораката од евроамбасадорот Ерван Фуере и еврокомесарот Штефан Филе Владата да работи повеќе на објаснување на сите аспекти за прашањето за името, Груевски апелира да не се потценуваат ставовите на македонските граѓани за тоа прашање.

„Слушнав дека имало некоја анкета и оти се покажало високо ниво на отпор од граѓаните и сега таквиот отпор се препишува на Владата односно на ВМРО-ДПМНЕ. Јас би одговорил да не се потценуваат граѓаните оти тие не се така лесно подводливи како што некој сега сака тоа да го прикаже или дека го следат она што ќе го речат еден или двајца“, оцени Груевски.

Никола Груевски


Прашањето за името, вели премиерот, не е прашање кое е создадено од вчера или завчера или во последните четири години.

„Тоа е 20-годишно прашање и граѓаните на Македонија се добро запознаени со сите сегменти и детали за тоа прашање. Мислењето кај граѓаните не е изградено во овие три години и не треба да се потценуваат и да се кажува дека еве сега власта им кажала така и тие така размислуваат. Тоа е потценување на граѓаните“, изјави премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарски прашања.

Кои се пораките до македонската влада.

Во последно време, до македонските власти, стигнуваат остри недвосмислени и јасни предупредувања и пораки од меѓународните претставници кон македонските власти. Дали Владaта е искрена во своите определби поврзани со европската иднина на земјата и дали е подготвена да ја преземе одговорноста за една политика којашто до бесконечност го одложува донесувањето на одлуките. Меѓународните претставници далеку поостри во своите изјави сметаат дека владата треба да го предводи јавното мислење и да покаже јасна визија за иднината на
Луѓето веќе се уплашени од владината политика, политика со двоен морал, политика со нејасно поставување во однос на приоритетите на интграционите политики се доволни докази дека ние не водиме сериозна политика.
земјата, а во исто време и да им објасни на македонските граѓани за што точно се преговара во спорот за името.

„Луѓето веќе се уплашени од владината политика, политика со двоен морал, политика со нејасно поставување во однос на приоритетите на интграционите политики се доволни докази дека ние не водиме сериозна политика“, изјави професорот Назми Малиќи.
Назми Малиќи

Македонските власти веќе подолго време ја испраќаат пораката: оставете не на мира сами да се бавиме со ова прашање, па меѓународните претставници како да почнуваат да го исполнуваат, коментира експертот за политички маркетинг Петар Арсовски. Тоа, од друга страна, според него, е опасно и поради самоиницијативно пласираните тези дека темпото на нашето приближување во европските и евроатланстските институции можеме да го одредиме сами.
Дека ние ќе имаме отворена понуда за членство во НАТО, па ако не го решиме во ноември ако го решиме во јануари итн, итн секогаш имаме време. Тоа не е точно.

„Дека ние ќе имаме отворена понуда за членство во НАТО, па ако не го решиме во ноември ако го решиме во јануари итн, итн. секогаш имаме време. Тоа не е точно затоа што ние не ги исполнуваме и другите критериуми за НАТО и за ЕУ, нас ни ги толерираат сите критериуми сметајќи дека ако го решиме проблемот со името има доволна политичка волја да влеземе, но ако не го решиме тоа во догледно време ќе си ја отвориме пандорината кутија бидејќи ние не ги исполнуваме стандардите, како слободно општество, владеење на право, слободна пазарна економија итн.“

Арсовски потсетува на тоа дека е опасно, исто така да се пласира тезата дека без решавањето на прашањето за името може да се продолжи евроинтегративниот пат на земјава, па според тоа Владата пред јавноста прашањето треба да го постави како исклучив избор решавање на спорот за името или напуштање на европските амбиции. Зошто, како што вели приоритетите треба да се соочат на вистинскиот начин со оглед на високата определба на граѓаните за приклучување кон ЕУ и НАТО.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG