Достапни линкови

Жабите „предвидуваат земјотрес во Грција и Турција


Сеизмолозите предвидуваат дека наскоро може да се случи земјотрес во Турција и Грција,а предвесник за тоа биле илјадниците жаби, кои се појавија на една од главните сообраќајни врски во северна Грција, автопатот Игнација.
Прогнозата се заснова врз истражувањето спроведени од британски научници, според кои постои директна врска меѓу жабите и сеизмичката активност. На експертите ова им дава основа да сметаат дека е можно во следните 24 часа да се случи земјотрес во регионот на Грција и Турција.
Британските научници го посочија примерот со миграцијата на жабите во Аквила, Италија, неколку дена пред земјотресот на 6 април минатата година, во кој загинаа 300 лица, а 40 илјади останаа без домови.
На 5 мај 2008 година во Централна Кина исто така имаше миграција на жаби, кои го предвиделе земјотресот, кој се случи на 12 мај, а во кој животот го изгубија 12 илјади лица, додаваат британските научници.
Според грчките научници појавата на жабите на автопатот игнација во средата е сосема нормална појава за овој период од годината.
Секоја година кон крајот на мај жабите мигрираат, така што сосема е нормално да ги блокираат патиштата, појасни Пасхалина Кириакопулу, професор по зоологија на Аристотеловиот универзитет во Солун.
XS
SM
MD
LG