Достапни линкови

12 до 19 илјади барели нафта на ден истекуваат во Мексиканскиот залив


Британскиот енергетски гигант Бритиш Петролеум соопшти дека неговите трошоци за запирање на истекот на нафта во Мексиканскиот залив се зголемија на околу 930 милиони долари, но дека конечната бројка не се знае.
Според американските научници ова е најголемо истекување на нафта во историјата на САД. Новите проценки покажуваат дека станува збор за истекување меѓу 12.000 до 19.000 барели, нафта на ден.
Во 1989 година при катастрофата на танкерот Ексон Валдез во Алјаска истекоа 42.000.000 литри сурова нафта.
XS
SM
MD
LG