Достапни линкови

Дневен печат - „Празник без празнување“


Како го прославивме Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј? Утрински прашува дали, и покрај тоа што премиерот испратил честитка до граѓаните, неодбележувањето на празникот дома не е поради тоа што словенските просветители не се вклопуваат во политиката на антиквизацијата?!

Име, ребаланс на буџет, прислушување, невработеност … кое од кое понтересно, но дозволете ми најличен избор за почеток: како го прославивме Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методи, 24 мај. Утрински вели „Празник без празнување“, забележувајќи дека во Македонија само што не се работело и прашува дали, и покрај тоа што премиерот испратил честитка до граѓаните, неодбележувањето на празникот дома не е поради тоа што словенските просветители не се вклопуваат во политиката на антиквизацијата?! Во друг напис, Утрински и забележува на МПЦ што не испратила свој претставник и со тоа не ги чествувала на Свети Кирил во Москва, на Деновите на славјанската писменост и кулура што го организира Руската православна црква.
Големиот брат ќе прислушува каде
сака.
Големиот брат гледа се’

Нова Македонија и Утрински се загрижени што МВР, со измените на Законот за електронски комуникации ќе може да се приклучи на мрежата на мобилните оператори со што ќе може да ги прислушува телефоните и да ги следи компјутерите на кој било граѓанин во земјава. Нова Македонија го насловува овој текст со „Се' гледа, се' слуша и пак и' е малку“, а Утрински - „Големиот брат ќе прислушува каде сака“.

Време и Утрински информираат дека се подготвува ребаланс на буџетот, цитирајќи економски експерти дека сепак е малку доцна за тоа, а Вечер ја користи изјавата на економскиот експерт Владимир Глигоров дека треба да се штеди, констатирајќи дека потврда дека и Владата така ќе се однесува е решението за ребаланс на буџетот!? Нова Македонија објавува дека според невработените
Владиното стана јавно мислење.
граѓани, повеќе од 32 отсто, сме на водечкото прво место во Европа.

„Името не' доведе до поларизација, наместо до компромис“, пишува Утрински, по објавувањето на анкетата на Дневник дека 51 отсто од нашите граѓани биле за прекинување на преговорите за името со Грција. Странските амбасадори се чудат на овие резултати, бидејќи, во исто време, околу 90 отсто од граѓаните се за евроинтегрирање на земјава. „Владиното стана јавно мислење“, пишува Дневник.

Вечер на насловната објавува „Среќа наша што во моментов не сме во ЕУ, зашто во спротивно државава ќе мора да плаќа за расипничкото однесување на Грците.“ Исто така, Вечер и натаму се кара со сопственикот на А1 ТВ Рамковски и објавува анкети на провладиниот невладин Институт „Павел Шатев“, според кои Груевски е со најголема доверба кај граѓаните, а дека Црвенковски имал понизок рејтинг од СДСМ.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG