Достапни линкови

Белорусија ќе го отстапи својот гасовод во замена за поефтина суровина


Белоруските власти понудија целосно да им го отстапат својот гасоводен систем на русите, во замена за поефтин природен гас. Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја потврди понудата при телевизиско обраќање денеска. Тој рече дека официјален Минск е подготвен комплетно да го отстапи системот, преку кој се пренесува рускиот гас во Европа, во замена за поповлни цени за суровината. Русија веќе е сопственик на педесет проценти од капиталот на белоруската компанија за гас.
XS
SM
MD
LG