Достапни линкови

Киргистан побара помош од Интерпол за апсење на Бакиев


Киргистанската привремена влада денеска од Интерпол побара помош за пронаоѓање и апсење на поранешниот претседател Курманбек Бакиев. За сега не се знае каде се наоѓа екс-лидерот, кој отстапи од претседателската функција за време на немирите во Бишкек на седми април годинава. Последната информација беше дека Бакиев заедно со семејството отпатувал во Белорусија, на покана од претседателот Александар Лукашенко.
XS
SM
MD
LG