Достапни линкови

Белата куќа ја промовираше Националнатата безбедносна стратегија


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Белата куќа денеска ја обелодени Националната безбедносна стратегија на администрацијата на претседателот Барак Обама. Во документот се презентираат приоритетите за одржување на американската националната безбедност.

Претседателот Барак Обама веќе ги презентираше основните принципи на стратегијата во својот говор пред матурантите на воената академија на 22 овој месец. Тој ги потенцираше мултилатералната соработка, градењето нови партнерства и промоција на човековите права. Но и покрај тенденцијата за примовирање на таканаречената „блага моќ“, доктрината на Обама и понатаму е строга во поглед на тероризмот и терористичките групи.

Ова се разјасни во говорот на Џон Бренан, заменик државен советник за безбедност. Тој рече дека Соединетите Американски Држави „војуваат со Ал-Каеда и нејзините соработници во тероризмот“.
Нема ништо свето или легитимно во убивањето на невини мажи жени и деца.



„Нема ништо свето или легитимно во убивањето на невини мажи, жени и деца. Карактеризирањето на нашите непријатели всушност е контрапродуктивно. Се создава една лажна перцепција дека тие се религиозни лидери кои бранат света кауза. Реално, тие само убиваат“, рече Бернан.

Џон Бренан

Тој додаде дека опишувањето на непријателот со религиозни термини ја создава илузијата дека Соединетите Американски Држави војуваат со Исламот.
Заменик советникот исто така рече дека новата стратегија ги промовира традиционалните американски вредности.

„Почитувањето на универзалните вредности дома и во Светот не дефинира нас и оноа што ни е свето“, рече Бернан.


Во новата стратегија, меѓу другото, се зема и предвид економската добросостојба на Соединетите Американски Држави, бидејки стабилната економија „е извор на американската моќ“.
XS
SM
MD
LG