Достапни линкови

Нема промени во меѓуетничките односи?


Нема промена во меѓуетничките односи во Македонија во изминатите 12 месеци, сметаат 57 проценти од испитаниците опфатени со денеска објавената граѓанска анализа на тема „Квалитетот на социјалните услуги“, што ја изготви Универзитетот на Југоисточна Европа во соработка со Канцеларијата на УНДП во Скопје. За единаесет проценти од анкетираните меѓуетничките односи се подобриле, а за 25,8 проценти се влошиле. Речиси половина од испитаниците рекле дека често одат во кафе барови во сопственост на лица од друга етничка заедница. „Мал е процентот на тие што сметаат дека меѓуетничките односи се влошиле така што состојбите не се толку лоши како што се рефлектира во последно време во медиумите“ рече на презентацијата на анализата Ан Мари Али од Канцеларијата на УНДП во Скопје.
XS
SM
MD
LG