Достапни линкови

logo-print

Построги безбедносни мерки за нафтените компании?


Истекот на нафтата во Мексиканскиот Залив се претвора во една од најголемите еколошки катастрофи во Соединетите американски држави, јавуваат новинските агенции. Американските власти за денеска најавија разгледување на нови и најверојатно построги безбедносни правила за нафтената индустрија, јави агенцијата „Ројтерс“. Според непотврдени информации, американскиот претседател Барак Обама најверојатно ќе го забрани дупчењето за нови нафтени извори во водите на Заливот. Во меѓувреме, британската компанија „Бритиш Петролеум“ денеска се обидува да го сопре истекот со таканаречениот „топ кил“ зафат. Со специјалната машинерија инженерите на компанијата ќе вбризгуваат цемент во пукнатиот одвод на нафтениот бунар, длабок еден и пол километар. За сега не се знае дали зафатот ќе биде успешен, но од „Бритиш Петролеум“ велат дека за сега, работите се одвиваат согласно планираното.
XS
SM
MD
LG