Достапни линкови

Потребни се повеќе дебати за спорот со Грција, смета Фуере


Евроамбасадорот Ерван Фуере рече дека во Канцеларијата на ЕУ во Скопје се уште ги проверуваат наводите од анкетата на „Дневник“ објавена во вторникот, според која мнозинството граѓани на Република Македонија сметаат дека треба да се прекинат преговорите за името со Грција и оти Македонија може да влезе во ЕУ и НАТО и без да го промени името. „Се уште ги проверуваме деталите од анкетата, но од неа можам да извлечам заклучок дека за така витално прашање кое ја засега државата треба да има повеќе дијалог и дебати во самото општество и во парламентот“ рече Евроамбасадорот. „Сигурен сум дека доколку има повеќе разговори во насока на недоразбирањето, за кое нема сомнеж дека постои, тогаш ќе видиме поголема свест и во јавното мислење“ додаде Фуере. Тој посочи дека многупати досега кажал оти во преговорите не станува збор за идентитетот кој, како што рече, е свет туку само за името.
XS
SM
MD
LG