Достапни линкови

Талер - Без решение за името нема европска иднина


Зоран Талер

Зоран Талер

Известувачот на Европскиот Парламент за Македонија Зоран Талер предупреди на опасноста Македонија да биде симната од дневниот ред на Европската Унија, поради одолговлекување на решението за спорот за името. Тој порача дека без компромис за името, не се можни преговори со ЕУ.

Опасноста Македонија да се симне од дневниот ред на Европската Унија е се поголема, предупреди европратеникот и известувачот на Европскиот Парламент за Македонија, Зоран Талер. Без компромис за името нема да има почеток на преговори со Европска Унија, истакна европратеникот Талер. Тој посочи дека одолговлекувањето на одлуките е неодговорна политика. Еден од предлозите на Талер за брзо решавање на спорот со името е медијаторот Метју Нимиц да ги понуди најдобрите предлози и да ги интезивира преговорите.
Почна да се верува дека можеби и не е така голем интересот да се влезе во ЕУ, дека можеби се битни други интереси, дека можеби ова е само преправање, дека е ,,фасада за лековерните" дека тоа не е дискусија што ќе се реши во Брисел, тоа е дискусија што ќе се реши овде и во секоја од државите кандидатки


„И тогаш да се ангажира професионален брокер, преговарач од типот на Холбрук, во смисол на „булдожер, тенк“ кој има мандат 45 или 60 дена за да ја заврши работата. Меѓутоа тој мора да има мандат од Бан Ки Мун, од Хилари Клинтон, Ештон, Филе, Меркел и Саркози и тогаш јас би сакал да го видам оној кој би го саботирал таквиот мандат.“
Зоран Талер

Но, тоа засега е само желба, додава Талер. Македонија многу повеќе губи од Грција во овој спор, но од македонска страна недостига проактивно ангажирање и на политичарите и на граѓанскиот сектор вели Талер. Тој вели дека веќе во Брисел почнува да се менува атмосферата за македонското прашање.

„Почна да се верува дека можеби и не е така голем интересот да се влезе во ЕУ, дека можеби се битни други интереси, дека можеби ова е само преправање, дека е „фасада за лековерните“, дека тоа не е дискусија што ќе се реши во Брисел, тоа е дискусија што ќе се реши овде и во секоја од државите кандидатки.“

Талер вели дека во Брисел се загрижени дека опаѓа желбата за спроведување на европските реформи во Македонија.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG