Достапни линкови

Груевски: Проблем се позициите


Не е никаков проблем да се потпише договор за партнерство меѓу сите парламентарни партии со цел заземање заеднички став по прашањата како проблемот со името, рамковниот договор или борците на ОНА, доколку тие успеат да ги изедначат позициите, рече на денешната собраниска седница премиерот Никола Груевски, одговорајќи на пратеничко прашање што го постави Тито Петковски од НСДП. „Не е проблем договорот, проблем се позициите. Во овој период се виде дека за некои прашања имаме различни позиции, посебно за проблемот со името. Ако позициите успееме да ги изедначиме немаме никаков проблем да потпишуваме“ рече Груевски.
XS
SM
MD
LG