Достапни линкови

logo-print

Пониско индустриско производство во Март 2010 во споредба со лани


Советот на Народна банка на Република Македонија денеска ги разгледа макроекономските движења при што е утврдено дека индустриското производство во март 2010 е пониско во однос на претходната година за 11,2 отсто. Обемот на индустриското производство во првото тримесечје имаше годишен пад од 9,4 проценти. Како што се наведува во соопштението од Народната банка, во другите сектори од економијата подобрување во февруари е забележано во трговијата и телекомуникацијата, а влошување се бележи во секторот градежништво.
XS
SM
MD
LG