Достапни линкови

Европски кредит за реконструкција на македонските болници


Создадени се услови за почнување на првата фаза од проектот за реконструкција на 20 јавни здравстевни установи по официјалното потпишување на договорот за заем со Банката за развој при Советот на Европа, потврдија на денешната прес конференција вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за здравство Бујар Османи. Европската институција на Македонија и одобри кредит кредит во износ од 23 милиони евра. „ Станува збор за еден од покрупните проекти во последните 20 години во здравството, кое е единствениот сектор кај кој ќе има зголемување на финансиите со претстојниот ребаланс на Буџетот“ рече Ставрески. Кредитот е со рок на отплата од 20 години по пет годишен грејс период, со променлива каматна стапка која моментно изнесува од 1,2 проценти на годишно ниво.
XS
SM
MD
LG