Достапни линкови

Регионална конференција за НАТО интеграции во Битола


Министерството за одбрана на Република Македонија од 31 мај до 1 јуни во Битола ќе биде организатор и домаќин на Регионална конференција за НАТО интеграции на Југоисточна Европа. Министерството за одбрана ја иницираше идејата за одржување на Регионалната конференција за НАТО интеграции на Југоисточна Европа како можност за регионална и меѓународна афирмација на Република Македонија, како земја силен промотор на безбедносниот дијалог и соработка во регионот, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана. Регионалната конференција ќе ја отвори министерот за одбрана Зоран Коњановски на свечениот прием кој ќе се одржи на 30 мај во античкиот локалитет Хераклеа Линкестис, кај Битола.
XS
SM
MD
LG