Достапни линкови

logo-print

Романскиот претседател Трајан Басеску во посета на Македонија


Претседателот на Романија Трајан Басеску

Претседателот на Романија Трајан Басеску

Претседателот на Романија Трајан Басеску престојува во официјална посета на Македонија. За разлика од добрата политичка соработка и позитивниот однос кон нашето уставно име, економската соработка е на ниско ниво. Токму унапредувањето на трговската соработка ќе биде една од темите на разговорите меѓу претседателот Басеску и неговиот македонски колега Ѓорге Иванов, а ќе биде оддржан и бизнис форум.

Романија е пријателска земја со која имаме одлична политичка соработка, за разлика од таа на економски план, која е на пониско ниво, бидејќи ние немаме конкурентни производи, кои ќе се наметнат на нивниот пазар, велат дел од експертите. Делегацијата на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Романија пред два дена беше во посета на македонското собрание. Тие соопштија дека Македонија ја
Романија е една од земјите која има позитивен однос кон нашето име и јас се сеќавам во времето кога бев амбасадор во Букурешт потпишавме договор за пријателство и соработка во кој вклучително беше решено и прашањето за нашето уставно име.
има поддршката за членство во НАТО и Европската унија, но оти тоа зависи од решавањето на спорот со името. Тие заклучија и дека има простор за поголема економска сорботка и размена на стоки меѓу двете земји. Романија ја призна Македонија под уставното име и го употребува во билатералните односи, вели Благој Зашов, кој беше амбасадор на Македонија во Букурешт.

„Романија е една од земјите која има позитивен однос кон нашето име и јас се сеќавам во времето кога бев амбасадор во Букурешт потпишавме договор за пријателство и соработка во кој вклучително беше решено и прашањето за нашето уставно име и во билатералните односи без проблеми го користи нашето уставно име и вели дека тоа е наше право.“
Трајан Басеску

Обемот на извоз на земјава во Романија во првите три месеци од годинава, според податоците на Државниот завод за статистика, изнесува речиси 6 илјади долари а од увоз се остварени скоро 34 илјади долари. Романскиот пазар е отворен, но ние немаме доволно производи кои можеме да ги пласираме таму, освен некои земјоделски продукти, вели Зашов.
Романија многу повеќе пласира кај нас отколку ние кај неа и очигледно дека недостасува наша организираност


„Романија многу повеќе пласира кај нас отколку ние кај неа и очигледно дека недостасува наша организираност и едноставно нема доволно палета на производи кои би можеле да ги понудиме на романскиот пазар и тоа е за жалење.“

Традиционално, трговската размена меѓу Македонија и Романија е неразвиена, вели економскиот аналитичар Џевдет Хајредини.

„Катастрофално ни е нам стопанството и коридорот ако функционира кон Србија, Словенија и Хрватска ние и немаме некое обемно производство.“

Унапредување на економските врски меѓу двете земји ќе биде и тема на Македонско-романскиот бизнис форум што денеска ќе се одржи во Скопје и на кој ќе се обратат македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и неговиот романски колега Трајан Басеску, кој е во официјална посета на земјава и освен со Иванов тој ќе оствари средба и со премиерот Никола Груевски.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG