Достапни линкови

Јавноста е „бомбардирана“ со анкети за рејтингот на политичарите, за промена на името, за влезот во ЕУ и НАТО. Колку се манипулира со резултатите во анкетите? Аналитичарите одговараат потврдно и велат дека постојат случаи кога вистината може да настрада. Посочуваат и дека во Македонија анкетите служат за да се креира јавното мислење, а не да се направи негова анализа.

Во војната со анкетите може да настрада вистината, велат експертите за политички маркетинг и луѓето кои учествувале во подготовка на анкети. Се почестите анкети за рејтингот на политичарите, различните прашања на кои се очекува луѓето да одговорат дали се за промена на името, за влезот во ЕУ и НАТО, анкетите на кои се мери јавното мислење, може ако се постават на малку поинаков начин и
Јас претпоставувам дека секогаш имало и дека секогаш ќе има, но зависи од таа институција што ги спроведува истражувањата, дали ќе го прифати тоа
или не.
да послужат за манипулација на луѓето.
Политикологот Владимир Божиновски вели дека досега од него не било побарано да „намести“ анкета, но вели дека постојат и такви случаи, кога нарачателот бара резултати, а институтите треба да смислат прашања на кои ќе ги добијат посакуваните одговори.

„Јас претпоставувам дека секогаш имало и дека секогаш ќе има, но зависи од таа институција што ги спроведува истражувањата, дали ќе го прифати тоа или не. На пример јас сум во оваа работа 12 години веќе и до сега таква работа мене не ми се случила, бидејќи ако тоа се случи тоа може да се случи еднаш или два пати, повеќе неможе, после се губи целиот кредибилитет.“

Од тоа како е поставено прашањето зависи и одговорот, па така на две прашања кои можеби имаат иста суштина, може да се добијат различни одговори. И аналитичарот Алберт Муслиу се согласува дека може да се манипулира со анкетите.

„Анкетите се користат најмногу за креирање на јавното мнение, отколку за анализа на јавното мнение.“
Анкетите се користат најмногу за креирање на јавното мнение отколку за анализа на јавното мнение


Во земја во која владее претставничка демократија, луѓето избираат свои претставници во институциите и тие се тие кои ги носат одлуките. За важни прашања треба да се праша и народот , но политичарите не треба да ги користат одлуките на луѓето за свое алиби.

„Кај нас Владата има големи овластувања, а сепак иницира референдуми за прашања за кои таа е одговорна да ги реши“, вели Муслиу.

И Божиновски вели дека треба да се слуша мислењето на граѓаните, но понекогаш мора да се донесе одлука која во прв момент кај луѓето не наидува на одобрување.

„Сега кои ќе бидат тие случаи, како ќе се одредат и на кој начин ќе може да се измери колку било тоа исправно или не тоа е веќе друго прашање.“

Експертите велат дека анкетите се незаменливо средство за добро водење политика. И треба да се искористат како средство за да се чуе мислењето на народот, а не на луѓето да им се наметнува мислењето на политичарите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG