Достапни линкови

Фејсбук ја менува контролата на корисниците


Најпопуларната светска онлајн социјална мрежа Фејсбук објави дека ќе ја зголеми заштитата на приватноста на личните податоци меѓу своите речиси 500 милиони членови. Во последниве месеци Фејсбук беше критикуван дека им овозможува на рекламните агенции и на сајбер криминалците да дојдат до информации за корисниците без нивно знаење. Шефот на Фејсбук Марк Цукерберг изјави дека неговата компанија ќе започне да ги воведува промените во текот на наредните недели.
XS
SM
MD
LG