Достапни линкови

Во грчкото Министерство за финансии, 70 милионери


Грчкото Министерство за финансии открило 70 нелегални милионери меѓу својот персоналот, објавија денеска грчките медиуми. Според податоците на Министерството, 70 негови службеници пријавиле во своите даночни пријави просечен приход од 50 илјади евра годишно, додека при повнимателна проверка на властите било утврдено, дека тие поседуваале недвижен имот во висина од 800 илјади до три и повеќе милиони евра. Службениците се суспендирани, а против нив се поднесени кривични пријави.
XS
SM
MD
LG