Достапни линкови

Романскиот претседател Басеску во Македонија


Во официјална посета на Македонија денеска претстојува претседателот на Романија Трајан Басеску. По приемот кај македонскиот претседател Ѓорге Иванов тие ќе присуствуваат на потпишувањето Меморандум за разбирање меѓу двете влади за соработка во полето на комуникациите и информатичкото општество. Двајцата претседатели попладне ќе се обратат и на Македонско романскиот бизнис форум за унапредување на економската соработка меѓу двете земји. Претседателот Трајан Басеску ќе оствари средба и со премиерот Никола Груевски.
XS
SM
MD
LG