Достапни линкови

Јужна Кореа одржува поморски воени вежби


Јужнокорејската морнарица денеска одржува вежби со цел, како што е соопштено, да ја подобри способноста во откривањето на севернокорејски подморници. До ова доаѓа откако Северна Кореа беше осомничена дека стои зад потопувањето на јужнокорејскиот воен брод во март годинава кога загинаа 46 морнари. Севернокорејските власти отфрлија секаква вклученост во инцидентот и се заканија со војна доколку Јужна Кореа преземе некакви казнени мерки.
XS
SM
MD
LG