Достапни линкови

Амнести Интернејшнал бара правда и за „големите“


Организацијата за заштита на човековите права Амнести Интернејшнал ги повика Русија, Кина и САД да му се придружат на Меѓународниот кривичен суд, единствен независен постојан суд што има овластувања да суди за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.
Во годишниот извештај, Амнести Интернејшнал ги повикува и Индија, Индонезија, Саудиска Арабија и Турција да се приклучат кон судот.
Во Амнести Интернејшнал оценуваат дека правдата се уште е неостварлива зашто многу влади продолжуваат да се ставаат над законот за да ги заштитат политичките сојузници и со оти поради тоа се создава „глобален правен јаз“.
XS
SM
MD
LG