Достапни линкови

Државата им доделила куќа во која не можат да се сместат


Семејството Јашарови со три малолетни и болни деца остана без решено станбено прашање, иако поминаа три години откако Министерството за труд и социјална политика им додели куќа на улица 27 во Битола. Проблемот што не можат да се вселат во куќата е во нерасчистената сопственост.

Семејството Јашарови со три малолетни и болни деца остана без решено станбено прашање, иако поминаа три години откако Министерството за труд и социјална политика им додели куќа на улица 27 во Битола. Набрзо излезе на виделина дека објектот е во спорна сопственост и дека за него битолскиот Центар за социјални работи води судски спор. Како привремено решение Центарот ги смести под кирија во друга куќа ветувајќи дека ќе им ја плаќа наемнината. Соња Јашарова се жали дека веќе неколку месеци ќиријата не е платена поради што газдата сака да ги истера на улица.
Ме донесоа тука за само два месеца. Ми рече директорката на Центарот ќе се прави куќата што ми ја даде државата. Ајде седнавме тука цела зима, па и цела пролет. Човекот бара од нас сега да се преселиме, ќе останеме на улица.


„Ме донесоа тука за само два месеца. Ми рече директорката на Центарот ќе се прави куќата што ми ја даде државата. Ајде седнавме тука цела зима, па и цела пролет. Човекот бара од нас сега да се преселиме, ќе останеме на улица. На крајот ќе одиме пред Ценатрот за социјални работи. Ќе ги земем децата и ќе ги сместам во дворот на оваа установа“, вели Јашарова.

Соња и мажот и Седат не работат, а месецот го минуваат со социјална помош од 4500 денари. Велат дека таа недостига да ги купат лековите за децата, а не пак да плаќаат кирија. Едното дете им е болно од епилепсија, другото од целебрална парализа, а третото е без дебело црево. Се хранат со она што ќе остане од Старскиот дом во Битола.

„Кутрите умираат за јадење. Чукаат на врата, излегувам по некогаш, ќе им дадам лепче“, раскажуваат соседите.
Секојдневно нив им треба медицинска помош, да се обратат до здрваствени и други посебни установи. Ако живеат на село секојдневно ќе им треба превоз да дојдат до Битола и потоа да се вратат, а тие одвај се крепат со леб и вода, а не да трошат пари за превоз итн.

Случајот на нозе ги стана и ромските невладини организации. Селадин Канаовски од Баирска светлина вели дека разговарале со Центарот и дека се спремни да им дадат куќа во битолското село Породин, што се неприфатливо зашто освен мајката сите останати се лица со посебни потреби.

„Секојдневно нив им треба медицинска помош, да се обратат до здрваствени и други посебни установи. Ако живеат на село секојдневно ќе им треба превоз да дојдат до Битола и потоа да се вратат, а тие одвај се крепат со леб и вода, а не да трошат пари за превоз итн.“, вели Канановски.

Од Центарот за социјални работи неодамна ветија дека семејството нема да го остават на улица. Сега останува да се види на дело нивната ажурност за згрижување на Јашарови пред да се најдат на улица.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG