Достапни линкови

ЕУ се интересира за смртта на руски затвореник


Претставници на Европската унија денеска ги испрашуваат руските власти за смртта на затвореникот Сергеи Магнитски, кој починал од панкреатитис. Комесарот на Европската унија Цецила Малстром денеска разговара за случајот со рускиот министер за внатрешни работи Рашид Нургалиев во рускиот град Казан. Смртта на адвокатот пред една година предизвика силни критики во јавноста. Претседателот Димитриј Медведев нареди отпуштање на дваесетмина државни службеници вработени во затворот каде почина обвинетиот, но до сега никој не беше формално обвинет за смртта на адвокатот.
XS
SM
MD
LG