Достапни линкови

Грузија се соочува со закани од надворешни сили, смета Сакашвили


Грузискиот претседател Микаил Сакашвили денеска присуствуваше на првата воена парада во земјата по руско – грузиската војна во 2008 година. Шефот на државата предупреди дека и понатаму постојат закани од, како што рече, надворешни сили. По свеченоста, Сакашвили присуствуваше на комеморација на загинатите војници по грузиското осамостојување од Советскиот сојуз. Грузијците се подготвени да умрат за нивната татковина, рече претседателот и додаде: „треба да сме подготвени нашите имиња да бидат напишани на некоја спомен плоча“.
XS
SM
MD
LG