Достапни линкови

Мирна прва рунда преговори за обединување на Кипар


Денешната прва средба меѓу кипарскиот претседател Димитрис Христофиас и новоизбраниот лидер на кипарските Турци Дервиш Ероглу, во рамки на преговорите за обединување на Кипар мина во позитивна атмосфера, соопшти грчката агенција АНА-МПА. Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Кипар Александар Даунер соопшти дека двајцата лидери го разгледале прашањето за сопственоста и ги потврдиле позициите, постигнати за време на претходните разговори меѓу Христофиас и поранешниот кипарски турски лидер Мехмет Али Талат. „Христофиас и Ероглу ќе продолжат да го разгледуваат прашањето за сопственоста и на следната средба, закажана за следната недела“ рече Даунер.
XS
SM
MD
LG