Достапни линкови

Ахмадинеџат: Нашиот сосед ги подржува оние кои се против нас


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат испрати апел до Соединетите американски држави и Русија да го прифатат договорот меѓу Иран Бразил и Турција, како последна шанса за решавање на кризата. „Нашиот сосед Русија ги подржува оние кои се против нас, оние кои покажуваа злоба во изминативе триесет години. Ова не е прифатливо за иранската нација“ изјави Ахмадинеџат. Инаку, соединетите Американски држави заедно со сојузниците не го подржаа договорот за размена на нуклеарно гориво со Турција. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон вчера изјави дека договорот е „транспарентен трик“ на исламската република.
XS
SM
MD
LG