Достапни линкови

logo-print

Ставрески: Се уште е рано за детали од ребалансот


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески смета дека е рано да се прецизира за колку ќе се крати Буџетот на Република Македонија во најавениот ребаланс за средината на идниот месец. „Се уште правиме анализи колку ќе биде вкупниот ребаланс на Буџетот и во оваа фаза можам да кажам дека ниту една институција, ниту, пак некој проект нема да биде поштедена“ рече Ставрески. Тој посочи дека Министерството за финансии остварува поединечни средби со сите институции и додаде дека повеќе детали за претстојниот ребаланс ќе може да се изнесат по завршувањето на средбите.
XS
SM
MD
LG