Достапни линкови

Светот се опоравува од финансиската криза, еврозоната кочи ?


Светот динамично се опоравува од светската економска и финансиска криза, соопштија денеска од Организацијата за економска соработка и развој во Париз. Опоравувањето сепак е загрозено од кризата во еврозоната, се додава во соопштението на меѓународната организација. Во својот шестмесечен извештај, организацијата предвидува дека економскиот раст во светот годинава ќе биде 4,75 проценти. Тоа претставува корекција на последната проценка за раст од 3,4 проценти. Опоравувањето се должи на развојот на земјите во Азија, се наведува во извештрајот на организацијата.
XS
SM
MD
LG