Достапни линкови

Нов обид за стопирање на истекот на нафта во Мексиканскиот Залив


Компанијата „Бритиш Петролеум“ денеска повторно ќе се обиде да го сопре истекот на нафтата од пукнатата подводна цевка во Мексиканскиот Залив. Речиси пет недели по екисплозијата на нафтената платформа на компанија и по неколку неуспешни обиди за сопирање на истекот, од менаџментот на компанијата го најавуваат планот „топ кил“. Со специјална опрема ќе се вбризгува цемент во одводот од нафтениот бунар длабок еден и пол километар. Планот има седумдесетина проценти шанси за успех, потврдија од „Бритиш Петролеум“. Според неофицијални проценки, близу 5,000 барели нафта се изливаат во водите на заливот. Нафтената компанија со седиште во Лондон пријави загуби во износ од 50 милијарди американски долари, јави „Ројтерс“.
XS
SM
MD
LG