Достапни линкови

Ирак ќе го затвора државниот авиопревозник


Багдад најави дека ќе ја затвори државната авиокомпанија „Ирак Ервејс“ поради децениски спор со соседен Кувајт. За сега не е јасно дали ќе се отвора нова авиокомпанија откако од ирачкото Министерство за транспорт потврдија дека постоечката ќе биде затворена. „Кувајт Ервејс“ тврди дека „Ирак Ервејс“ им должи 1,2 милијарди американски долари, долгови кои се насобрале во изминативе десетина години.
XS
SM
MD
LG