Достапни линкови

Македонија една од најризичните земји за кредитирање


Граѓанин пред банкомат

Граѓанин пред банкомат

Македонија, заедно со Србија и со Бугарија, е во групата најризични земји во Централна и Источна Европа за кои Дојче банк проценува дека нема да можат навреме да си ги сервисираат кредитите. Економските експерти велат дека таквата проценка е многу лоша, како на внатрешен план, така и на планот на привлекување инвеститори.

Проценките на Дојче банк дека Македонија е една од најризичните земји за кредитирање во Централна и Источна Европа е многу лоша од повеќе аспекти, велат економистите со кои разговаравме. Македонија, заедно со Србија и со Бугарија, е во групата најризични земји за кои Дојче банк проценува дека нема да можат навреме да си ги сервисираат кредитите. Според проценката на германската банка, кредитите кои не се враќаат навреме во овие земји може да достигнат меѓу 15 и 25 отсто од бруто домашниот производ. Професор Ванчо
Значи банката кажува: Немајте доверба дека тие и тие претпријатија од тој регион, вклучувајќи ја и Македонија, ќе ви ги подмират обврските ако имате со нив плаќање на рати, кредити итн.
Узунов вели дека веројатно Дојче банк има некакви сознанија кои наведуваат на такво можно сценарио. Банката испраќа јасен сигнал кон инвеститорите и бизнисмените што сакаат да работат со претпријатија од земјава, вели тој.

„Тоа е тоа. Значи банката кажува: Немајте доверба дека тие и тие претпријатија од тој регион, вклучувајќи ја и Македонија, ќе ви ги подмират обврските ако имате со нив плаќање на рати, кредити итн...“
Ванчо Узунов

Доколку проценките на Дојче банк се покажат барем приближно точни, вели Узунов, тоа ќе биде многу лошо за сите во Македонија. Ако банките имаат толкав процент на неплатени побарувања, тие ќе почнат да пропаѓаат, никој нема да и дава евтини кредити на Македонија, а тоа ќе се одрази и на македонските фирми, објаснува тој. Затоа, Узунов повикува на сериозна анализа што ќе покаже на што се должат тие проценки.

„Мислам која е причината? Дојче Банк не е некоја банка што работи за инает, сигурно има некоја причина, да видиме што е. Ако
Ако навистина е таква проценката, а ние не сме свесни, односно Владата покажува сосема поинакви нешта, тоа значи дека нешто многу не е во ред. Многу работи треба да се сменат, не е еднократно, туку многу работи ќе треба да се сменат, бидејќи толкав износ на ненаплатени средства е катастрофален.
навистина е таква проценката, а ние не сме свесни, односно Владата покажува сосема поинакви нешта, тоа значи дека нешто многу не е во ред. Многу работи треба да се сменат, не е еднократно, туку многу работи ќе треба да се сменат, бидејќи толкав износ на ненаплатени средства е катастрофален.“

Економски аналитичар од Виенскиот институт Владимир Глигоров вели треба да се види на што се базираат тие проценки. Глигоров смета дека опсегот од 15 до 25 отсто е премногу голем за анализата да се земе како прецизна. Сепак, не е нереално да се процени дека нанаплатените побарувања во Македонија и во овие земји може да достигнат меѓу 10 и 20 отсто од БДП-то, вели тој.
Владимир Глигоров

„Тоа значи дека практично вие имате една генерално повеќе квалитативна оценка дека проблемите со ненаплатените побарувања ќе бидат сериозни, но не баш и колку точно и зошто точно.“

Глигоров вели дека тоа покажува дека земјите од регионот имаат сериозен проблем со економскиот раст и препорачува дека во овој момент е најдобро да се размислува за намалување на кредитната активност.

„Во овој момент нема интерес на странските кредитори, инвестори да влезат во овие земји, всушност има повеќе интерес да излезат од нив.“

Романија и Албанија се во во втората ризична група, каде што невратените кредити може да достигнат меѓу 5 и 15 отсто од БДП-то, а ризикот во останатите замји од Централна и Источна Европа е помал од 5 отсто. Дојче банк прогнозира дека поради тешката економска ситуација и зголемувањето на невработеноста портфолиото за невратени кредити во Централна и Источна Европа го достигнува максимумот.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG