Достапни линкови

logo-print

Што по јунскиот рок?


Последната средба на премиерите на Македонија и Грција, Груевски и Папандреу

Последната средба на премиерите на Македонија и Грција, Груевски и Папандреу

Не само што станува извесно дека јунскиот рок нема да донесе решение за спорот со името и датум за преговори, туку се понеизвесно е кои ќе бидат следните чекори што ќе бидат преземени во таа насока. Експертите велат дека евентуално позасилен меѓународен притисок може да ги раздвижи работите и да донесе некаков напредок за изнаоѓање решение.

Како до зададениот рок до крајот на јуни така и по неговото завршување, не може да се насети кон што ќе биде насочен процесот за изнаоѓање решение за името како и македонските евроинтеграции. Од изјавите на највисоките државни претставници засега се знае повеќе за тоа што е неприфатливо за нашата страна во процесот. Не само што станува извесно дека јунскиот рок нема да донесе решение и датум за преговори, туку и за наредниот период се неизвесни чекорите коишто ќе бидат преземени во таа насока.
Метју Нимиц
Единствено
Македонската и грчката страна треба да седнат и интензивно да работат на она што може да се постигне, а секако и странскиот фактор треба да биде поактивен и да има една порешителна улога во спорот со името.
поместување може да предизвика евентуален нов предлог на Нимиц. Медијаторот којшто најавуваше нова рунда преговори до крајот на мај, се уште нема закажано такви разговори. Партиските ставови остануваат исти. Опозицијата очекува власта да изгради јасен став околу спорот, а владината ДУИ којашто за решение за името е особено заинтересирана поради како што велат ветувањата и очекувањата на својот електорат, велат дека остануваат конструктивни по ова прашање и дека по пропуштениот јунски рок очекуваат засилени билатерални контакти меѓу засегнатитет страни и поголема ангажираност на меѓународниот фактор како единствен начин да се постигне напредок и решение.

„Македонската и грчката страна треба да седнат и интензивно да работат на она што може да се постигне, а секако и странскиот фактор треба да биде поактивен и да има една порешителна улога во спорот со името“, изјави Тахир Хани од ДУИ.

Професорот Мерсел Биљали на сличен став во врска со меѓународниот ангажман, иако од владејачката гарнитура со постоечките ставови коишто ги изнесува во јавноста не очекува скоро решение.

„Јас мислам дека оваа власт цело време тактизира и нема да го реши проблемот со името, дури со голем притисок од надвор евентуално може да се направи нешто.“
Јас мислам дека оваа власт цело време тактизира и нема да го реши проблемот со името, дури со голем притисок од надвор евентуално може да се направи нешто.


По јунскиот рок постои само уште една добра шанса за македонската страна, вели професорот Ивица Јосифовиќ. Тоа е ноемврискиот самит на НАТО, до кога една директна средба и една средба на медијаторот Нимиц со преговарачите би било неопходно да се направат за да се приближат ставовите. Доколку тој рок не се испочитува, според него, тоа навистина ќе ја искомлицира сосотојбата.
Премиерот Никола Груевски и шпанскиот министер за надворешни работи Моратинос

„Бидејќи и самите страни ќе бидат истрошени, и ЕУ и целата меѓународна заедица, и преговарачот, значи може да бидат истрошени и може да претстои еден период на прекин на преговорите.“

Паралелно со ова, кај експертите расте и загриженоста дека на внатрешно-политички план, на сметка на закочениот евроинтегративен процес, земјата влегува во период на се поголеми турбуленции кои зафаќаат и социјалната и економската и чувствителната сфера на меѓуетничките односи.
XS
SM
MD
LG