Достапни линкови

Ахмадинеџат со предупредување до Обама и Медведев


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат денеска ги повика Соединетите Држави да го подржат договорот што го склучи Иран за размена на нуклеарно гориво со Турција, предупредувајки дека тое е последна шанса да биде надмината кризата. Во обраќањето преку телевизија, Ахмадинеџат го предупреди американскиот претседател Барак Обама дека иранците нема да му дадат нова шанса доколку не ја искористи оваа можност. Ахамдинеџат го повика и рускиот претседател Дмитриј Медведев да ја преиспита подршката на ставовите на Вашингтон, изјавувајки дека руската подршка за нова рунда санкции против Иран ќе биде неприфатлива.
XS
SM
MD
LG