Достапни линкови

Продолжуваат преговорите за иднината на Кипар


Кипарскиот претседател Димитрис Христофиас и лидерот на кипарските Турци Дервиш Ероглу денеска почнуваат преговори, по двомесечниот прекин поради изборите во Северен Кипар, на кои Ероглу го зазеде местото на поумерениот лидер Мехмет Али Талат. Решавањето на кипарскиот проблем е можно, смета специјалниот пратеник на ОН за Кипар Александар Даунер. Целта на мировните преговори во Кипар е обединување на островот во форма на федерација. Ероглу е застапник на политиката за поголема независност на кипарските Турци, додека кипарските Грци инсистираат на единствена држава од два самоуправувачки дела.
XS
SM
MD
LG