Достапни линкови

Жестоки судири во Јамајка


Најмалку 31 лице загинале во главниот град на Јамајка, Кингстон, во судирите меѓу полицијата и приврзаниците на Кристофер Коук, кој е осомничен за трговија со дрога. Немирите започнаа по одлуката на премиерот Брус Голдинг за израчување на Коук на САД, кои го бараат за трговија со дрога. Сиромашните граѓани на Кингстон, пак, го сметаат Коук за свој доброчинител и готови се да го одбранат по секоја цена. Улиците во градот се празни, училиштата и продавниците се затворени, а болниците ги примаат само итните случаи. Владата во неделата воведе вонредна состојба која ќе трае еден месец.
XS
SM
MD
LG