Достапни линкови

logo-print

Мајката на Качински конечно дозна за несреќата


Јадвига Качинска, мајката на загинатиот претседател на Полска Лех Качински, вчера конечно, месец и половина по падот на претседателскиот авион, дозна дека нејзиниот помлад син и неговата сопруга загинаа во несреќата кај рускиот град Смоленск. Братот близнак на загинатиот претседател, поранешниот премиер Јарослав Качински и ја соопшти трагичната вест на мајката за време на посетата во болницата во Варшава, каде што таа лежи веќе два месеца. Полскиот дневен весник Жечпосполита пишува дека најпрвин настанал голем шок, а потоа тие разговарале. Трагичната вест мајката ја примила многу тешко, но не и критично, изјавил за весникот неименуван извор.
XS
SM
MD
LG