Достапни линкови

Одбележан роденденот на Тито


Неколку илјади лица денеска го посетија гробот на Јосип Броз Тито за да го одбележат неговиот роденден. Посетители од различни краишта на поранешна Југославија, од кои некои носеа црвени шалови и пееа песни од социјалистичката епоха, се сретнаа денеска во меморијалниот центар во Белград. Во поранешна Југославија роденденот на Тито се одбележуваше со „штафета на младоста“, која му беше врачувана токму на овој ден, на посебни младински настани во Белград. Почитувачите на покојниот лидер денеска штафетата му ја дадоа на неговиот внук Јошка.
XS
SM
MD
LG