Достапни линкови

logo-print

„Ирак Ервејс“ ги укина летовите кон Британија и Шведска


Ирачкиот авиопревозник денеска соопшти дека ги откажува летовите кон Британија и Шведска поради судски спор со „Кувајт Ервејс“. Првиот човек на „Ирак Ервејс“ Кифах Хасан Џабар во писмена изјава вели дека „тешките околности со Кувајт“ го спречуваат превозникот да организира летови кон двете земји. Минатиот месец авиокомпанијата го организираше првиот лет кон Лондон по речиси 20 годишна пауза. Потегот беше критикуван поради тоа што фирмата има спор со „Кувајт Ервејс“. Од конкурентната компанија тврдат дека „Ирак Ервејс“ им должи 1,2 милијарди американски долари.
XS
SM
MD
LG