Достапни линкови

Се влошува состојбата на внатрешно раселените во Ирак


Внатрешно раселени лица во камп за бегалци

Внатрешно раселени лица во камп за бегалци

Агенцијата за бегалци при Обединетите нации соопшти дека, и покрај тоа што безбедносната ситуација во Ирак се подобрува, ситуацијата на многу внатрешно раселени лица се влошува. Еден знак за тоа е растечкиот број на семејства кои престојуваат во кампови за бегалци, последна станица за очајните бегалци.

Согласно речиси сите извештаи, безбедносната ситуација во Ирак се подобрува во изминативе две години. Во исто време, се чини дека судбините на многумина жители на земјата кои морале да се иселат од родните места поради насилствата е се` понеизвесна. Агенцијата за бегалци при Обединетите нации, попозната како УНХЦР, проценува дека бројот на внатрешно раселени лица во камповите за бегалци се зголемил за 25 проценти во изминатава година, што значи дека за дванаесет месеци има 100,000 нови бегалци.
Од УНХЦР проценуваат дека новодојдените бегалци во камповите се всушност внатрешно раселени лица кои претходно изнајмувале соби, но сега снемале пари за тоа. Ендру Харпер, првиот човек на ирачката единица на УНХЦР, во изјава за Радио Слободен Ирак вели:
Бегалски камп на периферијата на градот Ирбил

„Ситуацијата на многумина внатрешно раселени лица се влошува. Безбедносната ситуација не претставува проблем, бидејки на тоа поле има стабилизација. Проблемот е невработеноста, немањето вода, немањето пристап до образование, немањето документи и отежнатиот пристап до храна. Значи луѓето на повеќе начини стануваат се` поранливи, не можат да платат кирија и се доселуваат во јавни установи или во камповите за бегалци“, вели Харпер.

Од половината милион раселени лица во Ирак, 260 илјади се сместени во Багдад. Камповите на раселените се поставени во напуштени
Луѓето на повеќе начини стануваат се` поранливи, не можат да платат кирија и се доселуваат во јавни установи или во камповите
за бегалци.
згради, објаснува Харпер.

„Нема официјални кампови за внатрешно раселени лица. Станува збор за ад-хок градби кои порано биле стамбени згради или владини објекти. Како што можеби сте информирани, во Ирак има многу многу владини и воени објекти кои беа напуштени по падот на претходниот режим. Во вакви комплекси се сместуваат десетици илјади семејства“, вели првиот човек на ирачката единица на УНХЦР.

Само дел од внатрешно раселените лица во Ирак се вратиле во нивните родни краишта по подобрувањето на безбедносната состојба во земјата.
XS
SM
MD
LG