Достапни линкови

Најавена нова Македонска енциклопедиjа


Академик Митко Маџунков, претседател на редакцијата на „Македонската енциклопедија“ денеска, по завршувањето на 43 годишно Собрание на Македонската академија на науките и уметностите изјави дека е донесена одлука и оти е нужно да се направи нова Енциклопедија. За тоа, како што рече Маџунков, треба да се расправа на посебно Собрание, посветено само на Енциклопедија и на нејзината нова концепција. Ние треба да покажаме кои сме и што сме, и тоа објективно, со чисто научен пристап и трезвено, во сите области, како во историјата, литературата и во сите уметности, изјави Маџунков.
XS
SM
MD
LG