Достапни линкови

Еден убиен во претсрелка кај Петровец


Кај наплатната рампа Петровец на автопатот Велес - Скопје едно лице е убиено, а друго повредено околу 13 часот денеска при оружен грабеж на возило на „Македонија пат“ во кое се превезувале пари. Според првичните информации со кои располага МВР, возачот на „пикапот“, иако напаѓачите припукале, не застанал. Повреден, заедно со совозачот, успеале да избегаат кон скопската населба Автокоманда, каде сопреле во близина на експозитурата на Стопанска банка во Трговскиот центар и веднаш го пријавиле разбојништвото. Полициските екипи се на терен и вршат увид на местото на настанот.Повредениот возач се наоѓа во болница, додека неговиот совозач им подлегнал на повредите здобиени при оружениот грабеж.
XS
SM
MD
LG